Македонија
18. July 2022 - 19:39

Обвинителството отвори предмет по допрен глас за лекувањето во болницата ,,Жан Митрев‘‘

Обвинителството отвори предмет за болницата Жан Митрев откако ИРЛ емитуваше сторија за начинот на лекување ковид пациенти. Се истражува дали со филтрацијата на крвта, клиниката го загрозила јавното здравје.

„Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите кои проилзегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето“

Во меѓувреме, владата му даде рок од два дена на Министерството за здравство да ги провери информациите објавени во сторијата.

Министерот Сали најави дека е побаран вонреден инспекциски надзор од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. МАЛМЕД ќе проверува дали е почитувана постапката за клинички испитувања за хемофилтрација, а постапка ќе води и Лекарската комора. Резултатите од надзорот во болницата, здравство ќе ги објави во среда.

Од клиниката Жан Митрев, велат дека се згрозени од коментарите во јавноста, а сторијата ја сметаат за неоснован напад.

„Ние како институција практикуваме исклучиво медицина базирана на докази. Нашите следни чекори ќе бидат во насока на искористување на сите правни можности и согласно законите, со цел да се спречат овие и сите следни вакви и слични неосновани напади“, пишува од Жан Митрев.

 По објавување на сторијата, од ИРЛ денеска велат дека до нив пристигнале уште 100 пријави за неправилности и злоупотреби, но не само за приватни клиник, туку и за болници од државното здравство.