-->
-->
Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-->

Скопското јавно обвинителство поднесе жалба на ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“, кој се однесува на противправното финансирање и изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Надлежниот обвинител Кристијан Смилевски, кој го презеде случајот по оставката на обвинителката Ленче Ристовска, ја прими првостепената пресуда и во законскиот рок вложи жалба против одлуката на Кривичниот суд.
Судот минатиот месец донесе ослободителна пресуда, со образложение дека измените на Кривичниот законик од 2023 година директно влијаеле врз битието на делото за кое се товари поранешниот премиер.
Инаку рокот за апсолутна застареност на предметот истекува на крајот на овој месец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
-

Студенти по архитектура изработија идејни решенија за мултимедијален центар во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
