Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Јавното обвинителство во врска со случајот со физичката пресметка пред угостителски објект во четвртокот на 23 април во Скопје информира дека е покрената истражна постапка против осомничениот 25-годишник кој со нож нанел убодни рани на друго лице.
Меѓу двајцата првично имало кратка вербална расправија во угостителскиот објект која прераснала во физичка пресметка по што повредениот го нападнал осомничениот кој извадил нож и му задал убодни рани во градниот кош, грбот и стомакот.
- Осомничениот 25-годишник, на 23 април по полноќ, со умисла се обидел да лиши од живот друго лице пред угостителски објект. Кратка вербална расправија во угостителскиот објект прераснала во физичка пресметка меѓу нив. Оштетениот го нападнал осомничениот и во тој момент осомничениот извадил нож и му задал неколку убоди на оштетениот во градниот кош, грбот и стомакот, нанесувајќи му убодни рани. По укажана лекарска помош, оштетениот е пуштен на домашно лекување, информира Јавното обвинителство.
Осомничниот се товари за кривично дело обид за убиство.
Ново на Сител
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Монструозно врсничко насилство: Ја гореле со цигара, па ја терале да јаде кучешки измет и снимале
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
