Од идниот месец во Србија се зголемуваат надоместоците за невработеност

Од 1 февруари во Србија се зголемуваат надоместоците за невработеност во согласност со растот на инфлацијата во претходната година, соопшти Националната служба за вработување на Србија.
Најнискиот бруто надомест за невработеност ќе изнесува 33.745 динари (зголемување од 887 динари), додека најниската нето надомест ќе изнесува 22.170,47 динари (зголемување од 582,76 динари).
Највисокиот бруто надомест ќе изнесува 78.226 динари (зголемување од 2.057 динари), а највисокиот нето надомест ќе изнесува 51.394,48 динари (зголемување од 1.351,45 динари).
Специфичниот износ на надоместокот зависи од збирот на платите, односно од основата на осигурувањето за невработеност остварено во периодот од 12 месеци што претходат на месецот во кој завршил работниот однос, односно осигурувањето.
Конечниот износ на надоместокот за невработеност се намалува за износот на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување, што се пресметува по стапка од 24 проценти, и придонесите за здравствено осигурување, по стапка од 10,30 проценти.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
