Од ССКМ бараат транспарентна истрага и нулта толеранција за нелегални медицински практики

Компаниите од здравствениот сектор, членки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), најостро ги осудуваат сите наводи и постапки кои укажуваат на евентуално вршење на нелегални медицински третмани и употреба на недозволени препарати.
Ваквите дејствија, се наведува во соопштението на ССКМ, доколку се потврдат од надлежните институции, претставуваат сериозно нарушување на медицинската етика, директна закана за здравјето на пациентите и грубо поткопување на довербата во здравствениот систем.
Компаниите апелираат на целосно, транспарентно и одговорно институционално постапување, со цел навремено утврдување на сите факти и преземање соодветни мерки во согласност со законската регулатива.
Истовремено, се вели во соопштението, се нагласува потребата од почитување на принципот на презумпција на невиност, сè до официјално утврдување на евентуалната одговорност од страна на надлежните органи.
-Компаниите од здравствениот сектор при ССКМ остануваат цврсто посветени на заштитата на пациентите, унапредувањето на професионалните стандарди и почитувањето на највисоките етички норми во работењето, со јасна определба за нулта толеранција кон секој облик на злоупотреба во здравството. Воедно, се потенцира потребата од засилен надзор и системски мерки за превенција, со цел спречување на вакви појави во иднина, се нагласува во соопштението.
Компаниите, додаваат од ССКМ, очекуваат надлежните институции да постапуваат навремено, одлучно и во интерес на заштита на јавното здравје, додека јавноста да биде редовно, точно и транспарентно информирана за текот и исходот на постапката.
МИА
Ново на Сител
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
