Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување

Од утре до средината на следната седмица, под влијание на циклонска активност, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни.
Според Управата за хидрометеоролошки работо, на повеќе места се очекува да наврнат над 20 литри дожд на квадратен метар, особено во недела. Локално врнежите ќе бидат проследени со невреме, пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
Во вторник, под влијание на постуден бран, врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.
Во Скопје, од утре до средината на следната седмица се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во делови од Скопската котлина врнежите ќе бидат пообилни, а локално ќе има и ретки грмежи.
Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, со пад на температурите.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
-

Наводи за мобинг во кумановскиот суд - Судскиот совет ја прифати претставката
