Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во понеделник се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Како што информират од Управата за хидометеоролошки работи, во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, а од среда ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Во Скопје, во понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
Од УХМР апелираат во случај на појава на електрични празнења гражаните да бидат повнимателни, да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.
МИА
Ново на Сител
-
АРМ слави 33 години постоење
-
ДИК: Само со два потписи независните ќе учествуваат изборите
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК одлучи кандидатурата за изборите да се одвива согласно член 63 - со 2 потписа
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
-
Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не