Од утре попладне времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата.
-Во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Од вторник времето ќе биде стабилно и топло, соопшти УХМР.
Во Скопје, утре попладне, а особено во текот на ноќта, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
МИА
Ново на Сител
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани