Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
Учебната година официјално започна пред 11 дена, но не и за основци и средношколци од Кочани. Некои ученици се уште ги немаат одржао првите часови. Причината е во тоа што останале без наставници, зашто градоначалникот не им ги продолжил договорите кои им завршиле на 31 август. Се работи за над 50 наставници од скоро сите средни и основни училишта во општината, а освен тие, ни криви ни должни трпат и учениците.
-За учениците значи ненадокнадлива штета Наставен час не може да се надокнади, се губи и не се надокнадува. Не станува збор само за нашите плати, туку и за наставната програма која не може да се спроведе. Јас се прашувам како се спроведува настава во училиште каде има 12 наставници како мене, кои не држат настава. Има наставник кој не може да одржи настава по математика„ изјави наставничка во ООУ „Раде Кратовче”, во Кочани.
Од Министерството за образование и наука е испратен допис до градоначалникот во кој стои, како да се организира образовниот процес, но и како да се најде решение за наставниците кои останале без договори за работи. Со проблемот се запознаени и во СОНК.
-Одговорот на МОН до градоначалникот јасно кажува дека треба да ги формира паралелките така како што биле до сега и аналогно на тоа треба да се продолжи, односно, да се примаат наставници за итно и неодложно вработување и да ги врати назад на работа. изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.
Од СОНК додаваат дека случајот во Кочани е единствен во државата, каде на наставниците не им се потпишува согласност да се вратат на работните места и оставени се без извор за егзистенција.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар