Од вкупно 22 пожари на отворен простор низ државата, активен е само пожарот во Националниот парк Јасен
На територијата на државата денеска до 9 часот има вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а изгаснати се 21 пожар, информираат од Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во Национален парк Јасен во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума.
Пожарот, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, избил вчера попладне на околу неколку километри после капијата за влез од скопската страна (т.н. капија Кула) на ЈП ловиште Јасен.
-На местото на пожарот веднаш се упатија вработените од Јасен кои дејствуваа врз пожарот од земја на исклучително тежок терен. Набргу потоа со дејство врз пожарот започнаа два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, а подоцна ним им се придружија и два полициски хеликолтера. Пред стемнување пожарот најпрво беше ставен под целосна контрола, а потоа и целосно изгаснат без знаци на горење. Од страна на вработените од Јасен беше извршена контрола на изгаснатата линија на пожарот и никаде не беа забележани знаци на горење. Во текот на ноќта пожарот повторно се реактивирал поради што рано наутро екипите на Јасен повторно излегоа на терен и почнаа со гаснење на местата каде тоа беше возможно од земја. Како поддршка веднаш се упатени два полициски хеликоптера кои со извонредно прецизно дејство помагаат за совладување на овој шумски пожар. Нешто подоцна со дејство започнаа и два „ер трактори“ на ДЗС, информираат од ДЗС.
Од ДЗС посочуваат дека и покрај исклучително тешкиот терен, се прават напори пожарот да биде ставен под контрола во текот на денешниот ден, нагласувајќи дека теренските услови не дозволуваат употреба на специјалните возила на ДЗС.
Од ЦУК информираат дека изгаснати се пожарите во кои горела ниска вегетација, кај селата Озормиште, Тежето, Слатино и Џепчиште во Општина Тетово, село Смолари во Општина Струмица, во близина на РЕК Битола, во Општина Новаци, кај селото Отовица, во Општина Велес, кај фирма Мизраше, во Општина Гостивар, кај село Крупиште, во Општина Карбинци, село Братиндол, во Општина Битола, потоа кај Касарна Прилеп и селата Дебреште и Лопоатица, во Општина Прилеп, пожарот до патарината КУ-СК, во Општина Куманово, пожарот кај село Шемшово, во Општина Јегуновце, селото Радуша, во Општина Сарај, пожарот во Општина Ранковце и кај селото Црвивци, во Општина Кичево.
Запалено ѓубре горело кај село Симница, во Општина Гостивар, и кај железничка станица во Општина Тетово.
Изгаснати се и пожарите во Валандово, каде горела ниска вегетација и плантажа и во село Малчиште, во Општина Студеничани каде горела нискостеблеста вегетација.
Ново на Сител
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија
-
Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина