Македонија
8. November 2022 - 16:47

Одложено и судењето за пожарот во модуларната болница

Одговорните за пожарот во тетовскиот ковид центар седат на обвинителна клупа, ама не им се суди.. Третпат упеаја да го одложат почетокот на судската постапка.. Докторот Бобан Вучевски, денеска пак дојде без адвокат.. Бранителот имал друго судење, па побарал одложување на процесот во кој неговиот клиент одговара за пожарот во кој живи изгореа 14 лица.. Пред новинарите, Вучевски не одговори дали со таквите постапки се обидува да одбегне соочување со правдата..

Камерите ги одбегна и обвинетиот Артан Етеми, но и неговиот бранител се противеше на почеток на судењето.. Побара копија од доказите на обвинителството кое ги напишало на дури 3 илјади страници..

Седми идниот месец е новиот термин кој судот го одреди за почеток на процесот.. Дел од адвокатите се пожалија дека веќе имаат закажни судења, но судијата Јордан Велков побара да ги одложат, а му се закани и на Вучевски дека судењето ќе почне и без негов адвокат..

Првпат судењето се одложи во септември, не дојдоа обвинетите Артан Етеми и Бобан Вучечевски.. Двајцата, минатиот месец на седнаа на обвинителна клупа, ама не знаеле дека покрај себе треба да имаат и адвокат, па судот вторпат го одложи рочиштето..

Подготвен за судењето од првиот ден е само Флорин Бесими.. Не чувствува вина, а тоа ќе го докажел во текот на постапката..

Бесими и Етеми како директори на болницата обвинети се дека сториле тешки дела против општата сигурност, а докторот Вучевски, за непостапување според здравствени прописи..

Кривично се гонат за пожарот во тетовската модуларна кој за само неколку минути ги одзеде животите на 14мина пациенти кои се лекуваа од коронавирусот..