Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти

Одлуката на земјите од Групата седум (Г7) да ослободат нафта и дизел од нивните резерви за вонредни состојби може привремено да ги намали цените, но нема да го елиминира недостигот на рафинирани горива и ризиците за снабдувањето преку Ормуската теснина, сметаат експерти цитирани од ДПА и Ројтерс.
„Ослободувањето на резервите може да ги ублажи ефектите за некое време, но главниот проблем останува“, изјави Самина Султан од Германскиот економски институт (IW).
Според неа, ефектот врз возачите ќе зависи и од количината на дизел што ќе биде пуштена на пазарот, што не беше наведено во соопштението на Г7.
Според Оле Хансен, раководител на стратегијата за стоки во Саксо банка, главниот притисок врз пазарот на енергија повеќе не е поврзан толку со достапноста на сурова нафта, колку со снабдувањето со рафинирани производи.
„Тоа останува ограничено поради помалиот капацитет и намаленото производство во рафинериите на Блискиот Исток и Русија“, рече аналитичарот во анализа на состојбата на пазарот на нафта.
Земјите од Г7 вчера се согласија да ослободат до 100 милиони барели сурова нафта и дизел гориво од нивните резерви за вонредни ситуации за период од четири месеци. Мерката ќе биде координирана преку Меѓународната агенција за енергија, при што значителни количини дизел гориво ќе бидат достапни во првите 20 дена.
Г7 соопшти дека ќе разговара и за можноста за понатамошно ослободување на резервите на дизел. Во исто време, земјите од групата се обврзаа да не воведуваат ограничувања за трговијата со енергија и нафтени производи меѓу себе.
Американскиот претседател Доналд Трамп неколку часа по одлуката изјави дека нема да дозволи забрана за извоз на дизел од земјата. Претходно тој побара од европските земји да ослободат количини од своите резерви на дизел, а Вашингтон размислува да го ограничи извозот од САД.
Рекордните цени на дизелот го зголемија притисокот врз американската администрација, но аналитичари изјавија дека забраната за извоз може да го продлабочи глобалниот недостиг и да доведе до намалување на производството во американските рафинерии.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
