Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани
Повредените од пожарот во Кочани продолжена медицинска нега и рехабилитација ќе добиваат во одморалиштето на МВР на Пониква. Владата наредната недела ќе донесе одлука со која објектот на министерството за внатрешни работи ќе се отстапи на здравство. Располага со капацитет од 27 соби и 56 легла. Идејата произлегла од работната група која правеше проценка на состојбата на пациентите и по барање на дел од нив да им се олесни секојдневното одење на физикална која сега ја прават во кочанската болница. Со повредените кои веќе се стабилизирани ќе работат физијатри и физиотерапевти, но и лекари од други специјалности согласно потребите.
- Во моментот се работи на детален оперативен план за распределба и згрижување на пациентите, во соработка со Министерството за здравство и медицинските тимови, кои ќе ја понесат својата опрема во одморалиштето Пониква и ќе обезбедат континуирана медицинска нега директно на терен. Ќе се направи план пациентите да бидат распределени во неколку групи и циклуси на терапија, се со цел да се овозможи персонализиран пристап кон секој поединечен случај, во согласност со препораките на лекарите. Покрај медицинската грижа, оваа мерка има и важен психолошки и социјален аспект. Овозможувањето на престој во ваков тип на објект ќе придонесе за меѓусебна поддршка помеѓу пациентите и подобрување на нивната психо-емоционална состојба, изјави Марија Митева, портпарол на Влада.
Од опозициската СДСМ велат дека ова што го прави Владата е лицемерно.
- Наместо да се соочат со роднините на настраданите, тие зад затворени врати си носат одлуки пшто им е потребно на роднините, ова е лицемерно, рече Богданка Кузевска, портпарол на СДСМ.
Вчера од Владата најавија дека од утре ќе биде ставена во функција посебна телефонска линија за потрените и барањата на повредените во големата трагедија во Кочани и нивните семејства.
-
Алексанадра Динев
Сите содржини од овој новинар