Одземени пасошите на деветмина од уапсените од УЈП

Судија на претходна постапка, по предлог на Обвинителство определи мерки за претпазливост на девет лица во однос вчерашната акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а поврзана со вработени во Управата за јавни приходи (УЈП).
Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека во однос на вчерашната акција на ОЈО ГОКК, до судот доставен е предлог за определување мерки за претпазливост против 10 лица, од кои девет се спроведени пред судија на претходна постапка, а по нивно произнесување, судијата го прифати предлогот и на сите им определи мерки согласно точките 2, 3, 6 и 7 односно: одземање на патна исправа, обврска за јавување во суд, забрана за комуникација со одредени лица и забрана за извршување одредени работни активности.
Од вчера попладне под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР врешеа претреси на повеќе локации во државава.
Како што информираа вчера од ОЈО ГОКК се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.
МИА
Ново на Сител
-

Завршува Вевчанскиот карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ одлучи да оди на лидерска - за сите прашања ќе одлучува Ахмети
-

Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер
-

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
