Охридското Езеро најубаво во Европа – пред Комо, делото на Гауди и норвешките фјордови според „Time Out“

Охридското Езеро е прогласено за најубаво место во Европа според листата на познатиот туристички магазин „Time Out“ за 2026 година.
Охридското Езеро се најде на првото место на изборот на патописците и туристичките автори на магазинот, пред низа познати природни и културни знаменитости од целиот континент.
„Time Out“ го опишува Охридското Езеро како едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, со сина вода, планински пејзажи и крајбрежје исполнето со историски населби.
Посебно е издвоен македонскиот дел од езерото и градот Охрид, со неговите калдрмисани улици, средновековни цркви и препознатливите покриви кои се спуштаат кон езерото. Како една од највпечатливите глетки се посочува црквата „Св. Јован Канео“ и погледот кон Охридското Езеро.
Магазинот го споредува Охридското Езеро и со познатото италијанско езеро Комо, наведувајќи дека Охрид нуди помирна и попристапна алтернатива, со прекрасни пејзажи, но без големите туристички гужви и високите цени карактеристични за Ломбардија.
На второто место на листата се термалните извори Сатурнија во Тоскана, а трет е Џиновскиот насип во Северна Ирска. Следуваат Алберобело во Италија и Почитељ во Босна и Херцеговина.
Норвешките фјордови се на шестото место, Кју Гарденс во Лондон на седмото, каналот Принсенграхт во Амстердам на осмото, долината Мозел во Германија на деветтото, додека Каса Батљо во Барселона, ремек-делото на Антони Гауди, го зазема десеттото место.
Ново на Сител
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
-

Трамп за денеска планира телефонски разговор со Путин, а потоа и со Зеленски
-

Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме
-

Застанале со мотор и пукале кон петмина, МВР со детали за убиството
-

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, закажано ново рочиште во Кривичниот суд
