-->
-->
Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-->

На 9 јули 2026 година во 18:39 часот, на магистралниот пат Охрид–Подмољје, полициски службеници го лишиле од слобода С.С. (47) од Охрид, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал патнички автомобил „фиат“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол.
При извршеното алкотестирање, кај возачот биле измерени 2,41 промили алкохол во крвта.
Возилото е одземено, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
-

Студенти по архитектура изработија идејни решенија за мултимедијален центар во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
