Оливер Зафировски назначен за директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје

Оливер Зафировски е назначен за медицински директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје. Докторот ја сподели веста на социјалните мрежи.
- Најпрво би сакал да им се заблагодарам на моите колеги од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ - Скопје, каде работев повеќе од 30 години и заедно ја изградивме во врвна медицинска институција. Како директор на новото работно место, ќе се залагам за поквалитетни здравствени услуги и третман на пациентите на високо стручно ниво. Верувам дека конечно ќе ја вратиме довербата во нашиот здравствен систем, каде граѓаните ќе се лекуваат по светски стандарди, се наведува во објавата на Зафировски на „Фејсбук“.
Тој го презема директорското место на оваа клиника од доктор Дејан Докиќ.
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
