Опасна граната тешка околу 45 килограми пронајдена кај Неготино

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираше интервенција за безбедно отстранување неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, што потекнува од Првата светска војна. Oпасната граната беше пронајдена во атарот на селото Пепелиште, општина Неготино, соопштија утрово од ДЗС.
- Поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно средство во коритото на реката Вардар, интервенцијата беше реализирана во сложени услови. Со логистичка поддршка од Територијалната противпожарна единица - Неготино, којашто обезбеди чамец за пристап до локацијата, а пиротехничарот на ДЗС, Ѓорѓи Стефанов, безбедно ја извлече гранатата, по што таа беше транспортирана и обезбедена до нејзиното конечно уништување на армискиот полигон „Криволак“ - информираа од ДЗС.
Оттаму упатија благодарност до ТППЕ - Неготино за професионалната соработка и навремената поддршка.
Се апелира доколку се пронајдат и забележат сомнителни експлозивни средства, да не се допираат и поместуваат, туку веднаш да се пријават на 112 - единствениот повикувачки бесплатен број за итни случаи.
МИА
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
