OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
Технолошката компанија OpenAI која разработува компјутерски програми засновани на вештачка интелигенција ја претстави синоќа најновата верзија на својот главен проект – ChatGPT-4o.
Kреаторите на оваа програма велат дека вештачката интелигенциа (ВИ) научила да распознава емоции и да ги споделува со корисниците.
-ChatGPT-4o (о доаѓа од „omni”) „e чекор кон многу поприроднa интеракција меѓу човекот и компјутерот: Тој прима како влезни податоци секаква комбинација на текст, звук, аудио и слика“, се вели на сајтот на OpenAI.
Така на пример ChatGPT-4o може да реагира на влезен аудио сигнал за 232 милисекудни а во просек за 320 милисекунди, што е рамно на реакцијата на човекот за време на разговор.
Корисниците можат да користат визуелни податоци на разни начини. Може да се користи камерата на телефонот, да се внесуваат документит или да се споделува екранот со соговорници притоа истовремено да се разговара со ВИ и да се води видео повик.
ChatGPT-4o исто така можа да преведува разговори на повеќе од 50 јазици, меѓу кои и македонски, српски, турски, руски, казахстанкси или кинески.
Сем Алтман, генерален директор на OpenAI, во својот блог синоќа истакна за важноста на новиот интерфејс.
-Личи многу на ВИ од филмовите; сеуште e изненадувачки за мене дека е реално, напиша Алтман.
Првпат претставен во 2022 година, чатбото ChatGPT на OpenAI стана сензација благодарејќи на восхитувачката способност да одговара на прашања и да генерира текст како да е напишан од чеовек.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија