Општина Кисела Вода го модернизира осветлувањето, ЛЕД светилки со паметен систем за контрола

Општина Кисела Вода информира дека продолжува со проектот за замена на уличните светилки со цел подобрување на осветленоста и енергетската ефикасност на јавните површини. Се работи во населбата Пинтија, во рамки на втората фаза од проектот кој ги опфаќа и населбите Кисела Вода и Припор.
Досега се заменети над 2 400 светилки во населбите Пржино и Црниче.
- Со новите ЛЕД светилки осветлувањето ќе биде поекономично, со намалена потрошувачка на енергија во споредба со старите светилки, а нивниот век на траење е 4,2 пати подолг. Дополнително, светилките ќе се управуваат преку паметен систем, кој овозможува подобра контрола и ефективност, се наведува во соопштението.
Реализацијата на овој проект, кој се изведува во пет фази, обезбедува безбедни, современи и функционални улици со пониска потрошувачка на енергија и долготрајни решенија за јавното осветлување во општина Кисела Вода.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
