Македонија
10. March 2023 - 16:29

Општина Охрид и Министерството за транспорт и врски меѓусебно се обвинуваат за хотелот во Лагадин

Општина Охрид и Министерството за транспорт и врски со меѓусебни обвинувања за изгубениот спор за хотелот кај Лагадин. По десет ништовни решенија, локалната власт повеќе нема како да ја спречи изградбата. Од транспорт и врски се правдаат дека морале да ги почитуваат упатствата на Управниот суд.

Општина Охрид и Министерството за транспорт и врски ја изгубија битката со инвеститорот кој гради хотел кај Лагадин. Градоначалникот денеска објави дека општината повеќе ја нема можноста да ја спречи изградбата на објектот.. Прстот го впери кон транспорт и врски кое со донесување на мериторната одлука, локалната власт повеќе нема основ решението за градба да го прогласува за ништовно.

Од транспорт и врски, пропустот го лоцираа кај општината. Управниот суд наложил да се понудат други причини за оспорување на одобрението за градба, ама како што вели Бочварски, тоа не го сторила локалната самоуправа..

Хотелот кај Лагадин кој е во фаза на градба е неприфатлив и за УНЕСКО бидејќи се наоѓа во заштитетно подрачје. Одобренито за градба, инвеститорот го добил во 2016та, а една година подоцна е поништено, па се до денес се води правна битка на релација општина-министерство-управен суд.