Македонија
8. November 2022 - 12:22

Општина Струмица подготвува стратегија за млади

Општина Струмица започна со подготовка на локална стратегија за млади за периодот 2023 2027. Документот кој се реализира во соработка со Центарот за истражување и анализи Новус  треба да помогне во креирањето на подобри програми и политики за младите.  Во подготовката на стратегијата се вклучени повеќе млади лица  од различни организации кои учествуваат во креирањето на истата со  предлози од различни области на младинските политики. Според младите, се работи за  процес кој е важен важен не само за нив тутку и  за  сите институции и организации кои работат со млади.

За градоначалникот на Струмица,   подготовката на  стратегијата којa содржи и акциски план за нејзино реализирање  само ја потврдува неговата заложба Струмица да биде град на младите.Тој најави дека  веќе била  распишана и јавната набавка за Младински центар кој треба да биде сместен во општинската зграда.

Во подготовката на стратегијата се вклучени млади од целата општина на возраст од 15 до 29 години. Откако ќе биде готов , документот треба да биде усвоен  од страна на Советот на Општина Струмица.