Општинските изборни комисии ги стартуваат подготовките за изборите
Општинските изборни комисии започнаа со работа за подготовка за спроведување на претстојните Претседателски и Парламентарните избори. Во тек е ревидирање на состојбата, односно, членовите на избирачките одбори.
- Тоа се однесува најпрвин на ревидирање на списокот, односно дали лицата се уште се во работен однос, во институцијата во којашто работат, дали имаме пензионирање, дали лицата се заминати од својата работна позиција и дали имаме некои други причини на кои им престанал работниот однос на членовите на Избирачките одбори. Доколку остануваат лицата во редовен работен однос во администрацијата, тие продолжуваат со својата функција до 2026 година, изјави Виктор Вацев, претседател на ОИК-Штип.
На територија на општина Штип засега останува да има 80 избирачки места и исто толку избирачки одбори, но состојбата може да се промени во зависност од информациите кои ќе им ги достават од ДИК.
- Од претходните избори станува збор за три укинати избирачки места, односно избирачки места кои се под 10 избирачи. Моментално, се уште трае увидот во избирачкиот список до 18 март и го чекаме прееокот од Државната изборна комисија да видеме дали ќе имаме некое друго укинато избирачко место, односно избирачко место, кое ќе биде под 10 избирачи. – вели Вацев
Вацев додаде дека промени има и во Општинската изборна комисија, односно, имаат нов член и заменик член на претходно двајца заминати во пензија.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар