Орбан: Ако Зеленски сака пари мора да ги обнови испораките преку нафтоводот „Дружба“

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека ако украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да биде финансиран од Брисел, Украина мора да ги обнови испораките преку нафтоводот „Дружба“.
– Ако нема нафта, нема пари, нагласи Орбан во видео објавено на Фејсбук.
Тој наведе дека денеска разговарал со претседателот на Европски совет, Антонио Кошта и со премиерот на Словачка, Роберт Фицо за украинската блокада на испораките на нафта.
Орбан истакна дека ставот на Унгарија останува непроменет.
– Ако Зеленски сака да добие средства од Брисел, мора да ја обнови работата на нафтоводот „Дружба“, истакна Орбан.
Тој , исто така, ја обвини Украина дека ја користи блокадата на нафтата за да влијае на домашната политичка ситуација во Унгарија во корист на опозициската партија Тис
МИА
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
