Орбан: Одам во Давос на покана на Трамп, ќе го потпишеме основачкиот документ за Одборот за мир

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека оди во Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум, на покана на американскиот претседател Доналд Трамп, за да го потпише основачкиот документ за Одборот за мир.
– Морам да бидам во Давос во четврток наутро, а вечерта во Брисел, каде што нè очекува напорен состанок, рече премиерот во видео на неговата страница на социјалните мрежи.
Се очекува Трамп да биде домаќин на церемонија на потпишување на основачкиот документ за неговиот Одбор за мир, на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот Давос.
Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, вчера изјави дека до 25 земји ја прифатиле поканата да се приклучат на Одборот за мир за Газа, за кој се предвидува дека, под претседателство на Трамп, ќе ги прошири своите надлежности на решавање конфликти и во други делови од светот
Ново на Сител
-

Превозниците во паника – не депортираат од Унијата како криминалци
-

Од денеска извод за родени, (не)венчани и умрени можете да си извадите електронски
-

Трамп го формираше Одборот за мир, со нејасни цели и контроверзен состав
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
