Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека новиот трговски договор меѓу Европската Унија и САД е „неповолен“ и полош од оној што САД претходно го потпишаа со Обединетото Кралство.
„Тоа не е договор… Трамп ја изеде Урсула фон дер Лајен за појадок. Американскиот претседател е тешка категорија во преговорите, додека таа е лесна категорија“, изјави Орбан во унгарски поткаст.
Новата спогодба предвидува 15-процентни царини за повеќето производи од ЕУ, што е значително помалку отколку 30 отсто царини, со кои Трамп претходно се закануваше. Сепак, според Орбан, условите и понатаму се нерамноправни.
Договорот со Велика Британија, склучен на почетокот на мај, предвидува увозни давачки во САД од 10 проценти за широк спектар на стоки, вклучувајќи до 100.000 автомобили годишно.
МИА
Ново на Сител
-
Поништен тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз
-
Привршува рокот за електронско пријавување за сместување во студентските домови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол и марихуана
-
Директорка на училиште во Виница си ја вработила ќерката како професор по математика, иако немала соодветно образование
-
Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија
-
Пленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител Коцевски
-
Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска
-
Иран им се заканува на САД и Израел со силна одмазда во случај на напад, навестува можност за договор