Loading Video...
Свет
28. July 2025 - 16:35

Преглед на вестите од светот

Голем број шумски пожари продолжуваат да дивеат во делови од Балканскиот полуостров. Турција е најтешко погодена а ситуацијата е најкритична во регионот на градот Бурса. Таму се пријавени две нови жртви со што бројот на загинати во шумските пожари во Труција се искачи на 14 лица.

Труција се бори со 44 одделни пожари но високите температури и силните ветрови ја отежнуваат борбата со пламените јазици. Топлото време и силните ветрови проблем и за пожарникарите во Албанија, Грција и Бугарија. Во Бугарија се активни над 240 пожари а најсериозна е состојбата во близина на Струмјани и на границата со Труција. Во Грција гори во близина на Атина, на островите Евија и Китира, како и на Халкидики.

Во Албанија најлошо е во јужните области а на некои места утрово е извршена евакуација на населението.  ЕУ испрати хеликопетри и авиони за гасенње пожари во Грција, Бугарија и Албанија откако тие побараа помош од Европскиот механизам за цивилна заштита.

Три лица загинаа а над 50 се повредени во железничка несреќа во југозападна Германија. Најмалку два вагона од регионален патнички воз, во кој имало околу 100 лица излетале од шините и се превртеле во шумска област во близина на градот Ридлинген. 25 од повредените се во тешка ссотојба. Несреќата се случила вчера попалдне од засега непознати причини. Отворена е истрага за случајот.

Израел дозволи стотина камиона со хуманитрана помош да влезат во Појасот Газа додека Јордан и Обединетие Арапски Емирати од воздух испуштија 25 тони помош во енклавата, каде што сликите на гладните Палестинци го вознемирија светот. Хуманитарните работици брзаат да ја распределата помошта на цивилите, коирстејки ја 10 часовната хуманиртна пауза во изарелксите воени активности против Хамас.

Министерството за здравство на Газа кажа дека уште 14 луѓе починале од глас во изминатите 24 часа, а вкпуно 147 од почетокот на војната. Во меѓувреме Изарел одоговори на континуираната и растечка меѓународна осуда дека е одговорен за гладот во Газа. Премерот Нетањаху дециден -  Изарел не спроведува кампања на изгладнување во Газа, бидејки дозволиле помош во текот на целата војна.

-Израел е претставен како да спроведуваме кампања на гладување во газа. Каква дрска лага. Нема политика на гладување во газа и нема гладување во газа. Ние овозможуваме хуманитарна помош во текот на целата војна да влезе во газа. Инаку, немаше да има жители на газа. А она што го спречи снабдувањето со хуманитарна помош е една сила, Хамас. Повторно, пресврт на вистината. Хамас ограбува, краде оваа хуманитарна помош, а потоа го обвинува израел дека не ја обезбедува, истакна Бенјамин Нетањаху, премиер на Израел.