Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник

Ормуската Теснина останува отворена за сите бродови освен за бродови поврзани со „непријателите на Иран“, изјави Али Мусави, претставник на Иран во поморската агенција на ОН.
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако пловниот пат не биде целосно отворен во рок од 48 часа.
Заканата од ирански напади за време на американско-израелската војна против Иран спречи повеќето бродови да поминуваат низ теснината, канал преку кој се пренесува околу една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас, заканувајќи се со глобален енергетски шок.
Али Мусави рече дека Техеран е подготвен да соработува со Меѓународната поморска организација за подобрување на поморската безбедност и заштита на морнарите во Заливот, додавајќи дека бродовите што не се поврзани со непријателите на Иран би можеле да минуваат низ теснината во координација со безбедносните договори со Техеран.
„Дипломатијата останува приоритет на Иран. Но, целосниот прекин на агресијата, како и меѓусебната доверба се најважни“, рече Мусави, додавајќи дека израелските и американските напади врз Иран се причина за моменталната ситуација во Ормуската Теснина.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
