Македонија
15. February 2022 - 19:40

Ослободителна пресуда за Пале Иловска, судот утврди дека убиството било во одбрана

Павлинка Илоска била во животнозагрозувачка состојба и убиството на својот невенчан сопруг го сторила во одбрана. Вака судот ја образложи одлуката да ја ослободи од вина 23 годишната девојка која одговараше за убиство во миг. 

Дека Илоска во одбрана посегнала по животот на 40 годишниот полицаец, Александар Ристовски, покажале и вештачењата, но и нејзиниот исказ според кој таа често била тепана и малтретирана. Низ истото минала и септемвриската ноќ.

Обвинителството најави дека ќе се жали на одлуката на судот. За одбраната, пресудата е исправна, но смета дека слободата на Илоска е загрозена поради заканите од колега на починатиот полицаец.

Во септември лани, Павлинка Илоска со нож го прободе својот партнер по кратка расправија во домот на улицата Максим Горки во Велес. Се обидела да му пружи прва помош додека пристигне медицинска екипа, но убодот бил смртоносен.