Османи на состанок на министрите на надворешни работи на ПСЈИЕ и на Советот за регионална соработка
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на маргините на 77 – та сесија на генералното собрание на ОН, учествуваше на традиционалниот состанок на министрите на надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и на Советот за регионална соработка (СРС).
На состанокот, како што соопштија од МНР, се разговарало за теми поврзани со европската интеграција на земјите од регионот, тековната енергетска криза и ефектите кои ги има врз регионалната соработка во Југоисточна Европа, како и за Економскиот инвестиционен план наменет за регионот, социо – економската трансформација на Југоисточна Европа и Зелената агенда за Западен Балкан.
-Покрај тоа што овие конкретни проекти и процеси ќе донесат позитивен социо-економски ефект, резултатот ќе испрати силен политички сигнал за граѓаните во регионот и за меѓународните партнери, особено во контекст на неизвесноста поврзана со воената криза во Украина и заканата по европската и глобална безбедносна архитектура, нагласи Османи.
Тој се осврна на почетокот на пристапните преговори на Република Северна Македонија за членство во ЕУ, како „признание за сите реформски напори на земјата, преку воспоставување функционален мултиетнички модел со Охридскиот рамковен договор, односно политиката на добрососедски односи, рефлектирано и преку договорот од Преспа и Договорот за пријателство“.
Република Северна Македонија е идниот претседавач со ПСЈИЕ, почнувајќи од јуни 2023 година.
Ново на Сител
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Мицкоски најавува „македонска резолуција“
-
Преспанското Езеро забрзано старее - потребни се заеднички мерки
-
Пивара Скопје го претстави првото пченично пиво - Скопско Weiss
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Филипче ги претстави „црвените линии“ – постави рок до 10 февруари да се спроведат уставни измени