Македонија
11. February 2022 - 19:53

Осуммина обвинети во Титаник признаа вина - обвинителката бара намалени или условни казни

Признанието на вина е морален чин, чувствуваме потреба да ја превземеме одговорноста и од тоа не треба да се бега. Вака осумтемина обвинети образложија зошто одлучиле да признаат вина за случајот „Титаник“ во кој им се суди за изборни нерегуларности.. Емотивно и низ солзи рекоа дека судењето штетно влијаело врз нив и нивните семејства.

-Ниту бегав, ниту ќе бегам од одговорност. Сметам дека со признанието ќе придонесам во зајакнување на правната држава, рече Јанкулоска.

-Овој чин на одговорност е еден вид олеснување за нешто несвесно сторено, рече Веловска.

-Кој работи и греши, а денеска сите овде бевме доблесни да ја признаеме таа грешка, рече Јанакиески.

Ова беа дел од исказите со кои се призна вина и се побараа поблаги казни.

Обвинителката Стефанова рече дека треба да се цени признанието вина и предложи намалени или условни казни за обвинетите.

На 28 февруари судиската двојка Османи/Ставрев ќе ја објави пресудата за осумтемина кои признаа вина за предметот Титаник. За останатите обвините, судењето ќе продолжи на 9 март.

Во овој случај првообвинет е поранешниот премиер Груевски.