Македонија
1. July 2021 - 19:57

Отворени сите копнени граници кон Грција, има ли ограничувања?

Грција ги отвора сите копнени гранични премини со соседните земји меѓу кои и премините  со Македонија, Дојрани - Стар Дојран и Ники - Меџитлија.  Според најавите на грчките власти кои ги пренесоа тамошните медиуми премините  кои до сега беа целосно затворени за влез кај јужниот сосед, од денеска повторно се отвараат и ќе имаат 24 часовно работно време. Македонските погранични служби за сега официјално ја немаат добиено ваквата одлука. Сликата на граничниот премин Стар Дојран беше иста како и во изминатиот период, без патници за излез од државата.

За разлика од Дојран на Богородица Евзони состојбата беше поинаква . Таму веќе неколку дена може да се забележи зголемена фрквенција. Статистиката покажува дека во изминатите четири дена преку овој премин кон Грција се упатиле преку 6800 македонски и речиси исто толку странски државјани. До сега Евзони за влез работеше само од 7 до 23 часот, но според најавите во иднина и тој ќе биде отворен 24 часа.