-->
-->
Ова е камионот на Мерцедес на кој не му треба возач
-->

Еден чекот сме поблизу до камион на кој не му треба возач. Mercedes стартуваше со првите тестирања на полуавтономниот систем Highway Pilot, користејќи камион од сериско производство на јавен пат.
Подобрениот Mercedes-Benz Actros почна со тестови на германските автопатишта, а во камионот и понатаму има возач, за секој случај, но возилото управува самото користејќи радар, стерео камери и систем за автоматизирано возење.
Првите резултати покажуваат дека таквиот спој на технологија може да функционира на речиси секое возило во светот, не само на футуристички концепти.
Сепак нема во блиска иднина да видиме вакви камиони како крстосуваат по патиштата. Mercedes морал да извади дозвола за тестирањето, а се уште не постојат законски одредби кои ќе ги регулираат автономните возила.
Од друга страна позитивните резултати даваат надеж дека во иднина ќе се појават барем некакви форми на автономно возење кои ќе добијат зелено светло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
