Пакистанските власти со необично барање до Фејсбук и Твитер

Пакистанскиот министер за внатрешни работи, Чаудри Нисар Али Кан испрати свои претставници во седиштата на Фејсбук и Твитер, кои од социјалните мрежи побарале соработка во истрагата против 11 лица, пакистански државјани, чиешто однесување „се коси во учењето на Пророкот“.
Полицијата сака да ги приведе осомничените коишто ги објавувале „еретичките статуси“, а за кои се верува дека живеат вон Пакистан, со тоа што ќе се покрене барање за нивно испорачување, штом точно им се утврди идентитетот.
Како што пренесува Би-Би-Си, од Фејсбук изразиле подготвеност за соработка, но во склоп на своите правила за заштита на правата и приватноста на своите корисници. Твитер одби каква било инволвираност во случајот.
Социјалните мрежи често служат како алатка за организација и координација на протести насекаде низ светот, поради што во некои земји и се забранети.
Пакистанските власти уште во 2010 година им се заканија на своите граѓани со укинување на Фејсбук, оти таму секојдневно се објавуваат карикатури на Мухамед и други навредливи содржини.
Според постојните пакистански закони, секој кој ќе го навреди исламот или пророкот Мухамед, подлежи на строги казни, па дури и смртна казна.
Ново на Сител
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
