Пејковски: Недозволиво е затвореник од висок ризик како Мемети да биде превезуван без полициска придружба
Затвореник од висок ризик, каков што бил, Беким Мемети, недозволиво е да се превезува без полициска придружба.
Поранешниот директор на Идризово, Живко Пејковски, вели дека врз основа на изречената казна се прави проценка за ризикот од бегство. Долгогодишниот затвор не е пресуден – спровод со полиција добиваат и затвореници за кои се водат други постапки, појаснува Пејковски.
Според Пејковски, полициската придружба која отсуствувала во случајот со Мемети, е гаранција дека затвореникот нема да побегне. Полициско обезбедување на затворско возило, може да побараат сменски командир во текот на ноќта, заповедник или директор.
Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се сомневаат дека завчерашното бегство од Идризово било договорено со владејачката партија и сменскиот командир. Велат, затвор постои само за тие што немаат врски со власта.
Според податоците на Управата за извршување санкции, лани од македонските затвори побегнале 256 лица. Од нив 180 излегле на викенд и не се вратиле, а 70тина побегнале од затворските објекти.
Анализите на Советот на Европа пак, откриваат дека земјава е рекорцдер според бројот на бегства. На стапка од 10 илјади затвореници, има близу 700 бегства.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
