Пендаровски: Да не дозволиме дискриминирачкиот да премине во говор на омраза
Политичарите се поизложени на навреди и омраза- од независноста на земјава, немало ваков период каде е толку продлабочен говорот на омраза кон политичката сцена, вели првиот човек на државата. И Пендаровски самиот вели дека е подложен на навреди од дел од неговите колеги политичари, а работите толку се излезени од контрола, што дури и тој им подпаднал на провокациите.
Вели дека мора да се прочисти дигиталниот простор од дискриминирачки содржини, но и да се санкционира говорот на омраза како на интернет така и во јавниот живот, со оглед на тоа што од страна на ЕУ ќе бидеме мониторирани и токму за говорт на омраза.
Според Здружението на млади правници кривичното гонење на лицата кои шират говор на омраза би било најефикасен механизам за да се спречи истото. Обвинителството и МВР би требало да ги преземат работите во свои раце и да постапат кон овие лица во медиумскиот простор.
Покрај санкциите, превенцијата како и враќање на пристојноста во комуницирањето би биле клучни за да се спречи овој веќе постоечки тренд, смета Пендаровски како и поголемиот дел од говорниците на денешната дебата која беше за цел за справување со дискриминирачкиот говор во интернет просторот.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
