Пентагон: САД во првите шест дена од војната со Иран потрошиле над 11 милијарди долари

Американските медиуми повикувајќи се на неименувани извори од Пентагон објавија дека првите шест дена од војната со Иран чинеле повеќе од 11,3 милијарди долари.
Во процената не се вклучени трошоците поврзани со судирот, како што е распоредување воена опрема и персонал пред нападот што се случи на 28 февруари.
Претходно, вашингтонскиот тинк-тенк Центар за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС) објави дека во првите 100 часа од американско-израелскиот напад врз Иран го чинела Вашингтон 3,7 милијарди долари или речиси 900 милиони долари дневно, главно поради огромните трошоци за муниција.
Според истражувачите на ЦСИС, Марк Кансијан и Крис Парк само мал дел од проценетите 3,7 милијарди долари трошоци за војната во првите 100 часа веќе биле предвидени во буџетот, додека поголемиот дел од трошоците, 3,5 милијарди долари не биле предвидени. Според нив Пентагон веројатно наскоро ќе мора да побара повеќе средства за да ги покрие непланираните трошоци, што веројатно ќе се покаже како политички предизвик за администрацијата на Доналд Трамп и ќе создаде уште едно „жариште на спротивставување на војната“.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
-

Лекарите трпат насилство, а ретко пријавуваат
-

Цените на такси услугите во Штип остануваат непроменети
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
