Пензијата за декември ќе биде навреме исплатена на 2 јануари

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за месец декември 2025 година.
- Како институција одговорна за исплата на пензиите и обезбедувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување и социјанта сигурност на пензионерите, Фондот навремено ги заврши сите подготовки за непречена реализација на исплатата на пензиите. За оваа намена се обезбедени средства во вкупен износ од 9.289.521.686,00 денари - девет милијарди 289 милиони 521 илјади 686 денари - за вкупно 340.156 корисници на пензија. Поради тоа што 1 јануари е неработен ден - државен празник, средствата ќе бидат префрлени до деловните банки на 2 јануари 2026 година, појаснуваат од Фондот на ПИОМ.
Известувањата со прецизните податоци за бројот на пензионери и соодветните износи, ПИОМ веќе ги доставил до сите деловни банки, со што, се потенцира, се гарантира дека процесот на исплатата ќе се одвива ефикасно и без доцнење.
- Фондот на ПИОМ ја користи оваа прилика да им ги честита претстојните новогодишни и божиќни празници на сите пензионери и граѓани на Република Македонија и да им посака сè најдобро во Новата 2026 година, се додава во денешното соопштение.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
