Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра

По Артан Груби, од притвор излегува и Перпарим Бајрами, кој заедно со поранешниот вицепремиер е обвинет за злоупотреби во Државната лотарија, со штета од речиси 10 милиони евра.
Кривичниот суд ја прифатил гаранцијата на поранешниот директор на Лотарија, во недвижен имот вреден 1 милион и 140 илјади евра, и правосилно му го укинал притворот. За да се обезбеди неговото присуство во судската постапка, Бајрами ќе мора редовно да се јавува во судот, а патната исправа му е одземена и нема да може да добие нова за преминување на државната граница.
Од судот информираат дека Бајрами ќе биде ослободен од затворот „Скопје“ откако гаранцијата ќе биде обезбедена со впишување хипотека во Катастарот на недвижности.
Бајрами во притвор се наоѓа од 9 септември, кога сам се пријави во затворот, по повеќе од 19 месеци бегство и недостапност за органите на прогонот.
Тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување во случајот со набавката на видеолотариските терминали, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и тогашниот генерален секртар на Владата.
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
