Пет дена доцнат платите на вработените во основните училишта во рамки на Општина Тетово
Доцни исплатата на платите во основните училишта кои се под надлежноста на Општина Тетово, алармираат од синдикатот на вработените во образовните установи.
Според нив, со доцнење на платите наставниот кадар и другите вработени се соочуваат само во оваа општина, додека училиштата во останатите општини во регионот веќе ги зеле личните доходи.
- Петти ден како наставниците и вработените во основните и училишта на подрачјето на Општина Тетово ја очекуваат платата за ноември. Наставниците од основните и средните училишта во рамки на Општина Тетово редовно се соочуваат со доцнење на платите, односно не ги добиваат платите до 15 во месецот. Сега веќе се пет дена, најмногу досега, а знаеме дека во другите рурални општини и средни училишта дека добиле плати, информира Зоран Грковски, од Синдикатот за образование и наука во Тетово.
Од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово потврдуваат дека доцни исплатата на личните доходи.
- Има некоја техничка грешка направена во некои од училиштата и поради тоа нема исплата. Сега се консултираме како да го средиме проблемот и да добијат плата наставниците и вработените. Мислам дека ќе се реши во текот на оваа недела, изјави Назми Даути, раководител на Секторот за јавни дејности при Општина Тетово.
Во рамки на Општина Тетово има 12 основни училишта.
Ново на Сител
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
