Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
Процесот на пристапување мора да остане кредибилен, предвидлив, еднаков за сите и заснован на заслуги се до полноправно членство во ЕУ, ваква порака му пренел шефот на македонската дипломатија Муцунски на средбата со шпанскиот државен секретар Фернандо Мариано Сампедро Маркос кој е во посета на Македонија.
Како што соопштија од МНР по средбата, во фокусот на разговорите биле европската интеграција на Македонија и процесот на проширување.
Ја нагласив важноста од продолжување на соработката со Шпанија во претстојните дискусии за иднината на политиката на проширување. Процесот на пристапување мора да остане кредибилен, предвидлив, еднаков за сите и заснован на заслуги, со јасна крајна цел – полноправно членство во ЕУ, паралелно со унапредување на практичните форми на постепена интеграција.
Државниот секретар за ЕУ ги слушнал и резултатите од спроведувањето на Реформската агенда и од шефот на дипломатијата но и од собраниската Комисијата за европски прашања. Евроинтеграциите се приоритет за државата му порачале пратениците, но предупредиле дека однесувањето на Бугарија во однос на проширувањето отстапува од Копенхашките критериуми.
По посетата на Македонија шпанскиот државен секретар за ЕУ ја продолжува агендата со посета и средби со бугарските државни власти.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар
