Пиеракакис: Можно е да се соочуваме со најголемата енергетска криза во историјата

Можно е да се соочуваме со најголемата енергетска криза во историјата, доколку Ормуската Теснина не се отвори наскоро. А ако се додадат сите останати елементи, една третина од ѓубривата поминува низ оваа теснина: сулфур, хелиум, нафтени хемикалии. Сè на сè, станува збор за една потенцијално огромна опасност, посочи министерот за национална економија и финансии на Грција и претседател на еврогрупата, Кирјакос Пиеракакис, во интервју за Си-ен-би-си, јави дописничката на МИА од Атина.
Пиеракакис рече дека извршниот директор на Меѓународна агенција за енергија, Фатих Бијрол, актуелната ситуација „ја опиша како потенцијално најголемата енергетска криза во историјата, поголема дури и од трите претходни заедно: двата нафтени шока од 70-тите и руската инвазија во Украина во 2022 година“.
– Податоците ја потврдуваат оваа процена. Ако, на пример, ја анализираме1970 година, вкупната загуба на барели нафта дневно била речиси 10 милиони. Денес, загубата достигнува 13 милиони барели дневно. Ако се земе предвид и природниот гас, трендот е уште поостар отколку во 2022 година. Тогаш, во милијарди кубни метри (BCM), количината се намали од 155 на 80, односно кумулативна загуба од 75. Ако овие податоци се пресметаат на годишно ниво денес, станува збор за загуба од приближно 110 BCM. Затоа, ако се земат предвид сите три случаи, можно е да се соочуваме со најголемата енергетска криза во историјата доколку Ормуската Теснина не се отвори набргу – рече Пиеракакис.
Додаде дека април може да се покаже како попроблематичен од март бидејќи, како што објасни, последните товарни бродови што испловија на 28 февруари се очекува да пристигнат до 20 април, па така „последиците врз пазарите ќе стануваат сè поизразени во наредниот период доколку не се најде брзо решение“.
Нагласи дека најдобро е што е можно побргу да се најде решение, но сепак „нема да биде доволно за целосно враќање на претходната рамнотежа токму на точката каде што бевме претходно“.
– Дури и под низа многу поволни услови, ќе бидат потребни најмалку два месеци за да се обнови функционирањето на синџирите на снабдување, и тоа на пониски нивоа од претходно. Затоа што ако ги гледаме енергетските инфраструктури на Блискиот Исток, досега се погодени 80 објекти. Една третина од нив сериозно се оштетени – објасни грчкиот министер и претседател на еврогрупата.
За Европа, посочи дека е „помалку ранлива во споредба со 2022 година“ во однос на диверзификацијата на енергетските извори и инвестициите во инфраструктура.
МИА
Ново на Сител
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
-

Јаневска: Ценам дека резултатите се објективни - Просечната оценка од матурата – 3.66
-

Ручекот во ресторани и сместувањето во Охрид се поскапо
