Пикник и скара за 1ви Мај – што можат работниците да си дозволат на трпезата?
Месо на жар и чашка алкохол. Работниците го слават денот на трудот. Поделени околу прашањето дали се почитуваат работничките права, ама едногласни дека нивните примиња се товар за традиционалниот излет.
Освен работниците, денот на трудот го одбележуваат и нивните работодавачи. Велат ги исполнувале обврските кон своите вработени, но не сакаат да коментираат дали се доволни платите кои се даваат.
Камерата на Сител не го регистрираше традиционалното славје на излетничките места. Немаше работа ниту за музичарите.
1ви мај е државен празник. Како и во повеќето земји, денот се прославува со излет во природа и месо подготвено на скара. Но се почесто, наместо работниците, првомајската скара ја практикуваат само младите.
Повозрасните велат, низ годините се намалува интересот за одбележување на празникот. Сметаат дека причина е незадоволството на работниците.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
