Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
Полупразни училници, а полни амбуланти. Пикот на грипот и останатите вирусни инфекции резултираа со зголемени отсуства од училиште, а ги наполнија амбулантите со болни деца. Во Клиниката Козле периодов бележат дури и по 220 прегледи за еден ден.
- Со клиничката слика се гледа дека се работи за грип. Сите доаѓаат со високи температури, омалаксаност, претежно со горно респираторни симптоми, а некои и со компликации најчесто пневмонии. Тие деца се хоспитализираат. Моментално имаме хоспитализирано 9 деца кај кои и лабораториски е поотврден грип, секкао и доенчињата со РСВ вирус исто така ги хоспитализираме. Прегледите се многу зголемени во тек на 24 часа имаме по 220 прегледи што е навистина многу, изјави проф. д-р Катерина Бошковска, директор на Клиниката за респираторни заболувања кај децата “Козле”.
Новата директорка на Клиниката “Козле” советува родителите да не паничат ако детето има висока температура, а нема коморбидитети. Да не го носат веднаш на клиника туку прво да се консултираат со матичниот педијатар.
- Доколку се работи за нормално здраво дете, без никакви коморбидитети, да се даваат лекови за темпењартура, да се лади детето. Да се консултираат прво со матичниот лекар, да не доаѓаат веднаш кај нас и да чекаат, зошто и тука се чека многу, навистина имаме голем број на болни деца, објаснува професорката Бошковска.
Со слични респираторни симптоми зголемен број на болни деца имаат и на Детската Клиника, каде деновиве за едноденоноќие регистрираат помеѓу 150 и 200 прегледи.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар