Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1 јануари 2027

Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1 јануари 2027 година, изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.
- Ова е историско најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи дека се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата. Јас ветив многу пати дека ќе работам заедно со синдикатите со Армијата, оваа институција да биде најдобрата во државата, а со овој чекор по примањата навистина стануваме една од најдобрите институции во државата, рече министерот Мисајловски.
Со новиот буџет, додаде тој, опфаќаме се она што е потребно за следната година, но и зголемување во тотална вредност на буџетот.
Михајловски кажа дека буџетот е поминат на Владина седница, а во делот на одбраната се предвидува да изнесува 2 милијарди денари повеќе за 202 година.
Претставниците на репрезентативните синдикати во одбраната и на професионалните војници, Синиша Станчевски и Аднан Алити го поздравија зголемувањето од 10 отсто и истакнаа дека се задоволни од постигнатото со помош на социјалниот дијалог.
МИА
Ново на Сител
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
