Македонија
11. October 2025 - 16:33

„Плусинфо“: Сомнеж за ексфункционери на СДСМ вмешани во привилегиите на дискотеката Пулс

Нови сомнежи за вмешаност на поранешни фукционери од СДСМ во привилегиите што ги добивал газадата на кочанската дискотека Пулс отвара порталот Плусинфо, објавувајки пораки добиени од истрагата за пожарот во кој настрадаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. 

Како што наведува порталот, се работи за текстуални пораки добиени преку анализа на телефонската комуникација на обвинети во случајот за Пулс, а кои покажуваат индиции за некаква вмешност на политичари, за како што пишува Плусинфо, во коруптивни влијанија.

Поратолот се сомнева дека вмешаност во давање на привилегии на газдата за да работи локалот можно е да имаат поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, потоа екс вицепремиерот Бојан Маричиќ преку родниниски врски на неговата сопруга поранешната пратеничка на Маринела Тушева, па се до екс-министерот Благој Бочварски и поранешната директорка на УЈП Сања Лукаревска. 

Во текстуалните пораки на кои се повикува Плусинфо, се дава извесна комуникација на синот на газадата Пулс со трето лице од февруари 2022 кое го известува дека наводно Спасовски се јавувал во полицијата во Штип за да ургира за дискотеката за проблеми што ги имала со кочанската полиција. Исто така, порталот вади и пораки од јуни 2023 дека наводно за пломба од УЈП треба да се ургира кај Бочварски, Лукраревска или Маручиќ и Тушева.

Од СДСМ демантираат некаква вмешаност на нивни функцинери во привилегиите на Пулс, и велат дека текстот на порталот е чиста манипулација на власта.

„Дури и манипулативната објава на Плусинфо, всушност покажува дека обидите да се влијае врз кадрите на СДСМ не успеале, кафичот бил пломбиран,  што е директна  потврда дека никој од функционерите на СДСМ не попуштил. Со ова паѓаат во вода обидите да се инволираат функционери од партијата во овој контекст. Ова што го прави власта е срамно и скандалозно. Јасно е веќе дека ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата директно го штителе сопственикот на „Пулс“, кој постапувал спротивно на сите стандарди и закони“, се вели во реакцијата на СДСМ.