Македонија
11. March 2022 - 16:38

По 4 години затвор за двајцата креатори на „Јавна соба“

Првин „Бадијалџии“, потоа „Јавна соба“. Телеграм групата во која се ширеше детска порнографија, на основачот Дарко Костовски му донесе четири години затвор. Иста казна заработи и неговиот помошник, Михаил Паневски. Според судот, виновни се за производство и дистрибуција на порнографски содржини. Од своите телефони, преку „Јавна соба“, споделувале илјадници видеа и слики со секс содржини. Во дел имало и малолетници.

Адвокатите најавија жалба пред повисок суд. Велат, обвинителството не докажа дека Дарко и Михаил ширеле порнографија преку „Јавна соба“. Одбраната очекувала ослободителни пресуди.

По згаснувањето на „Јавна соба“, секс содржини се појавија во нови групи, но нивните основачи, засега се непознати.