Македонија
10. јуни 2019 - 16:23

По барање на италијанско обвинителство приведен државниот секретар во МИОА за злоупотреба на средства од ИПА фондови

Приведен државниот секретар во министерството за информатичко општество и администрација. Јахи Јахија и негова колешка поранешна раководителка се сомничат за “примање поткуп” во висина од околу 40.000 евра. На иницијатива на Европската служба за спречување измама- ОЛАФ и италијанското обвинителство од Милано во соработка со македонските колеги и МВР функционерот кадар на ДУИ утринава е лишен од слобода. Осомничените во период од јуни 2014 до август 2015 година на италијанска компанија против законски и дале информации за тендерска постапка за ИПА проект во вредност од над милион евра. Со тоа на фирмата и овозможиле повластена положба и предност пред конкуренцијата.

Истата фирма го добила и тендерот. Во тој период двајцата службеници од министерството во 3 наврати добиле подарок патување во странство во вредност од 7000 евра.

-Во  текот на 2016 година, во периодот кога во Министерство за информатичко општество и администрација веќе отпочнало спроведувањето на ИПА проектот, како награда за своето противзаконито службено дејствие првоосомниченото лице, преку италијанскиот посредник од правното лице во два наврати примило во готовина парични средства во вкупен износ од 37.930 евра, односно 2.332.695,00 денари, со што се стекнало со значителна противправна имотна корист. Второосомниченото лице примило подарок во вкупен износ износ од 2.500 евра, односно 153.750,00 денари и се стекнало со поголема противправна имотна корист, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

При претресот на повеќе локации во Италија, Скопје, Куманово полицијата одзела неколку компјутери, мобилни и два пиштоли. Надлежен јавен обвинител побара од судија на претходна постапка да му определи притвор на првоосомничениот државниот секретар Јахија, кој пред 14 години бил гонет за злоупотреба да избирачко право, а неговата колешка во моментот не е достапна за истражните органи бидејќи се наоѓала надвор од државата.