По писмото од Агелер разрешена претседателката на Судскиот совет Весна Дамева
Точка за меѓучовечките односи и ја одземаа претседателската позиција на Весна Дамева во Судскиот совет. Предлогот да се анализира комуникацијата меѓу членовите го даде заменикот на советот кој четири часа ја убедуваше претседателката дека е суетна и по секоја цена сака да ја задржи функцијата.
По неколкучасовната жестока дебата за меѓучовечките односи, Адеми предложи разрешување. Дамева одбиваше гласање за предлогот - законот за судски совет не предвидел одземање на двегодишниот мандат, па заменик претседателот предложи гласање да прекине претседателскиот мандат.
Според Дамева, нејзнито разрешување не се односите туку надворешни влијанја и желби за избор и разрешување на судии.
Разрешувањето на Дамева доаѓа по само неколку денови откако американската амбасада испрати писмо до советот за состојбите во судството. Дел од членовите обвинија дека претседателската намерно го криела дописот.
За неполни две години, двапати се менува претседател на судскиот совет. Павлина Црвенковска имала притисоци од „судска-бизнис елита“, а по четири месеци, Дамева ја разрешија колегите кои ја гласаа.
Кој во идниниа ќе раководи со советот кој се грижи за состојбите во судството, ќе се знае утре за кога е закажана нова седница.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
