По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
Директорот на НУ „Историски музеј“ – Крушево, Миха Оџаклиески, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, наведувајќи дека одлуката ја носи како личен морален и етички чин и како преземање одговорност пред јавноста.
Во писмената оставка доставена до Управниот одбор, Оџаклиески посочува дека во конкретниот случај не бил прекршен ниту еден закон, правилник или друг акт, ниту, како што наведува, било постапено спротивно на одлуките на Управниот одбор.
Сепак, тој признава дека бил направен „ненамерен пропуст“ во проценката на начинот на кој одредена постапка може да биде разбрана од јавноста.
„Она што е правно дозволено не секогаш е доволно за да се зачува највисокиот степен на доверба што јавноста со право го очекува од една јавна институција“, наведува Оџаклиески.
Тој во писмото упатува и извинување до јавноста за настанатата недоумица, нагласувајќи дека Историскиот музеј во Крушево е институција од особено значење за македонската културна и историска меморија и дека нејзиниот углед треба да биде над секоја поединечна функција.
Оставката доаѓа по реакциите во јавноста поврзани со отстапувањето на просторот на Македониумот за снимање музички спот.

Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

Михаилова во тајни снимки тврди дека била уценувана од бугарските служби
-

Случајот Михаилова ја отвори пандорината кутија во Бугарија
-

ЕСМ ќе ја достави до Влада новата цена на струјата следната недела – тогаш ќе се знае и новата цена на парното
-

Кој е виновен за влезот на Алта банка? Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-

Брза помош интервенирала на десетина колапси во Скопје поради пролетните температури во ноември
-

По 14 години, нови амбулантни возила за штипската Итна помош
-

Во струшки „Водовод“ недостига стручен кадар
